Home » АХВ спровела 617 контроли, уништени 1.740 килограми небезбедна храна

АХВ спровела 617 контроли, уништени 1.740 килограми небезбедна храна

by Журнал.мк

Агенцијата за храна и ветеринарство пред Велигден спровела 617 вонредни контроли при што уништени се 1 740 килограми небезбедна храна.

При контролите утврдено е дека 16 оператори не ги задоволуваат хигиенските барања за безбедност на храната и техничките услови во објектите, а четири оператори не ги спровеле задолжителните здравствени прегледи на вработените или тие имале санитарни книшки со истечен рок на важност.

Пет од операторите не биле регистрирани како оператори со храна во АХВ, а кај осум биле пронајдени несоодветно означени производи.

– За утврдените недоследности кај различни категории оператори со храна, издадени се 44 решенија за нивно отстранување. За пуштање во промет на небезбедна храна и утврдени недоследности од поголем обем, изречени се и 30 парични казни во износ од 25 400 евра во денарска противвредност, информира АХВ.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk