Home » АХВ: Нема чума кај овците и козите vо Македонија

АХВ: Нема чума кај овците и козите vо Македонија

by Журнал.мк

Македонија засега е безбедна од болеста „чума“ кај малите преживари. Кај македонските овци и кози, а чиј вкупен сточен фонд во земјава изнесува околу 400.000 грла, од кои над 90% отпаѓаат на овците, а остатокот на козите, досега не е евидентитран ниту еден случај на заболено грло. Меѓутоа, заради нејзиното присуство во Романија и во Турција, а особено во соседна Грција, македонската АХВ веќе интензивно работи на превенцијата, уверуваат надлежните институции.

„Кај нас во Македонија ја нема и ние како држава сме официјално слободни од оваа болест, што не значи дека дека не постои ризик од внес на таа болест…За среќа, болеста се пренесува на некој начин со близок, директен контакт со животни, така што опасноста од пренос на животни од територијата на Грција во нашата држава – постојат, меѓутоа се мали, со оглед на тоа што има природни препреки“ – вели Ванчо Новоселски, раководител на Секторот за инспекциски надзор во АХВ на Македонија.

Со цел, да се спречи продирањето на болеста на наша територија, Македонија веќе презема и низа конкретни мерки, помеѓу кои е и забраната за влез на живи животни од загрозените држави и региони, но и на месото оттаму, што значи дека увозот во земјава е строго контролиран и сигурен, објаснува Новоселски.

„Од тие региони каде што има забрана, не увезуваме. Тоа е првата безбедносна мерка која што ни овозможува спречување на влез на болеста…Понатаму ќе се работи на директни состаноци со сточарите, подигнување на свеста кај нив за препознавање на знаците на болеста и нивната законска обврска за пријавување на секој сомнеж до надлежните ветеринарни друштва“, – посочува Новоселски.

„Апелираме одгледувачите на овци и кози да бидат будни и при случај на сомнеж, односно болеста се манифестира со еден респираторен синдром, веднаш да пријават кај нивниот матичен ветеринар за да може да се изврши рана превенција и дијагностицирање на болеста, и понатамошно преземање на сите мерки“, – Димитар Терзиевски, д-р ветеринар од АХВ.

Според надлежните, чумата кај малите преживари е вирусно заболување кое, за разлика од „свинската чума“ не се пренесува на луѓето, заради што фокусот за нејзино спречување треба да се става на безбедноста на трлата, но и на вниманието и контролата на сточарите при движењето или обновата на нивните стада. Заради актуелноста на проблемот со чумата кај малите преживари, АХВ одржа и трибини во Скопје, Штип и Прилеп.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk