Home » АХВ изрече казни од 82 илјади евра за големите ланци на маркети

АХВ изрече казни од 82 илјади евра за големите ланци на маркети

by Журнал.мк

Инспекциските служби на Агенција за храна и ветеринарство (АХВ) неделава, од 10-ти до 12 февруари, спроведоа 124 вонредни контроли кај големите маркети низ земјава кои имаат ланци на супермаркети, дисконти и хипер маркети. Притоа се донесени 47 решенија за утврдени недоследности и изречени се 29 парични казни во вкупна вредност од 82 илјади евра. Нештетно се уништени и 22,3 тони небезбедна храна, од кои најголем дел месо.

Кај 15 оператори се утврдени незадоволителни хигиенски и технички услови во објектот, кај 12 е најдена храна со поминат рок на употреба, а кај 5 храна без следливост, со оштетена амбалажа, недекларирана.

Тројца од контролираните оператори не извршиле задолжителни здравствени прегледи за вработените, 10 не воделе записи за HACCP, Дора хигиенска и Добра производствена пракса. Кај 4 оператори се најдени несоодветно означени производи, а еден објект не бил регистриран.

-Целта на контролите беше проверка дали операторите се регистрирани во АХВ за сите дејности и активности во секој од објектите, дали и колку се исполнети општите и посебните хигиенски услови за храна, со акцент на спроведување на контроли во деликатес одделите и месарниците, како и во месарниците кои изработуваат свежи подготовки од месо. Покрај ова се контролираше и исполнетоста на процедурите за чистење и дезинфекција на опремата, приборот за работа и спречување на вкрстена контаминација, снабдувањето со безбедна вода, поседувањето на санитарни книшки и сертификати за стручна подготовка на вработените лица кај операторите, чувањето и складирањето на храната, нејзиното потекло, следливоста (проверка на комерцијалните документи), како и почитувањето на температурниот режим за храната од нејзиниот прием до ладилник.

Според АХВ, контролирани беа и водењето записи за НАССР, Добрата производствена и Добрата хигиенска пракса, означувањето на храната, плановите за сопствено мострирање на операторите, спроведувањето на операциите за пакување/препакување, дезинфекција, контрола на штетници, а со вонредните контроли опфатени беа и магацините на операторите.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk