23 C
Skopje
Tuesday, May 11, 2021

Ахмети со честитка до Бајден: Демократијата победи

Најчитани вести

Претседателот на ДУИ Али Ахмети, му испрати честитка на новиот претседателот на САД, Џо Бајден по финалната потврда за неговата победа од страна на американскиот Конгрес.

„Волјата на народот не може да се негира и владеењето на правото сепак триумфира без оглед на непосредните и моментни предизвици за демократијата“, пишува Ахмети.

Тој во во својата честитка нагласува дека нашата земја останува посветена на продлабочување на стратешкото партнерство со
САД.

„Една силна Америка значи и поголема гаранција за поправеден и побезбеден свет“, вели лидерот на ДУИ.

„Верувам дека претседателот Џо Бајден, како и Конгресот ќе продолжат да придонесуваат за поддршка на соработката меѓу Република Северна Македонија и САД и ќе продолжат да ја поддржуваат интеграцијата на нашата земја во Европската Унија“, додава тој.

Воедно Ахмети изразува надеж дека новата администрација на Белата куќа ќе помогне во процесот на дијалог меѓу Косово и Србија.

„На претседателот Бајден му посакувам добро здравје и со среќа да го дочека 20 јануари, денот кога ќе даде свечена заклетва и ќе ја преземе функцијата“, пишува претседателот на ДУИ.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести