Home » Ахмети: Победата на Фронтот беше запечатена на 8 мај, тајните договори во подруми се неприфатливи и казниви

Ахмети: Победата на Фронтот беше запечатена на 8 мај, тајните договори во подруми се неприфатливи и казниви

by Журнал.мк

Одлуката на Управниот суд и Државната изборна комисија за прегласувањето на неколку избирачки места во ИЕ 5 и 6, денеска го собра Претседателството на ДУИ.

Лидерот на партијата, Али Ахмети вели дека ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ прават се за да добијат двајца пратеници од Фронтот, но нагласува дека тие ги знаат сите детали од тајните договори.

„Овде прашањето не е дали Европскиот фронт загуби или освои два мандата. Европскиот фронт победи на изборите на 8 мај 2024 година. Победата на Фронтот беше запечатена на 8 мај. Сите политички акробации, тајни договори во подруми се неприфатливи и казниви. Затоа што се шминкаат чекор по чекор. И не треба да се толерира ниту еден чекор поназад, туку сите страни да размислуваат. Ги знаеме сите детали за договорите во црвените визби, политичките договори, а во иднина детално ќе излеземе за сите договори каде што ќе ги приложиме на јавноста“, изјави Ахмети.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More