Home » Ахмети на средба со Aлбанскиот МНР Хасани: Европа е единствената алтернатива за регионот

Ахмети на средба со Aлбанскиот МНР Хасани: Европа е единствената алтернатива за регионот

by Журнал

Претседателот на Демократската унија за интеграција, г. Али Ахмети заедно со Првиот потпретседател на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, г. Артан Груби беа домаќини на министерот за Европа и надворешни работи на Република Албанија, г. Игли Хасани.

На средбата се разговараше за актуелната политичка ситуација, процесите во кои се наоѓаат двете земји, евроинтеграцискиот пат како и случувањата во регионот.

Потврдени се добрите билатерални и мултилатерални односи меѓу Република Северна Македонија и Република Албанија, со цел истите да послужат како позитивен модел за Западен Балкан и поширокиот регион.

Соговорниците разговараа и за конкретните чекори за зајакнување на соработката во важните проекти како што се Коридорот 8, отстранувањето на границите, железничкото поврзување, како и посветеноста на овие иницијативи за доброто на земјите и граѓаните како главен приоритет.

Г-дин Ахмети детално ја елаборираше иницијативата на Европскиот фронт и ризиците од растечкото влијание од Русија во земјата и регионот.

Ахмети и Хасани се согласија дека Европската Унија е единствената алтернатива за нашиот регион.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More