Home » Ахмети кандидат за претседател? – аналитичарите поделени

Ахмети кандидат за претседател? – аналитичарите поделени

by Журнал

Али Ахмети не е најдобрата туку единствената опција на ДУИ за евентуелен претседателски кандидат на претстојните избори. На интегративците им гори под нозе, соочени со заминување во опозиција, така што, истрчувањето на Али Ахмети во изборниот претседателски ринг, не би било никакво изненадување. По серијата сериознии сомнежи за милионски криминал, што го обележа владеењето на ДУИ, од една страна, и од друга, скандалите во фамилијата Ахмети, и секако, окрупнувањето на албанската опозициција во Македонија, политички аналитичари велат, дека ДУИ, нема голем избор, освен да игра на карта, за која сметаат дека би била добитна.

„Земајќи во предвид колку скандали во изминатиот период беа баш беа поврзани баш со него лично и неговото семејство, за што во изминатите 22 години воопшто и не се зборуваше, и земајќи во предвид дека можеби, бидат и пата-пата со опозицијата на албанското население во државата, што е губитничка опција, јас сум сигурен и убеден дека тој оди на карта дека две недели пред парламентарните избори, доколку тој излезе како кандидат, да проба да го обедини партиското членство на ДУИ и да ги сатинизира било кои други опции во албанскиот блок..“ вели Александар Ристевски – политички аналитичар.

Во полза на тезата дека Ахмети би го одиграл овој потег, Ристески го додава фактот, дека ДУИ неспорно ја има изгубено логистичката поддршка во најголем дел од локалната власт, и многу од општините кои на минатите избори ја носеа победата на дуи во албанскиот блок, сега не се во нивни раце.

Дел од експертската јавноста, пак смета дека пак Ахмети не би ризикувал да комоцијата и култот на личноста која ја има изградено кај албанското население во Македонија.

Апсурд е еден човек, Али Ахмети конкретно, кој направил толку многу за албанскиот народ, кауза, за албанската популација во Македонија, да по сето тоа го направи, да излезе на избори и загуби. Апсурд е да си игра со личноста, сопствена која што ја изгради како историска икона на албанскиот народ во Македонија. Неговиот евентуален пораз би фрлил громна сенка на сите заслуги кои претходно ги ужувал кај албанскиот народ, коментира Агим Јонуз – политички аналитичар.

Во изминатите 22 години на власт, вечниот лидер на ДУИ, никогаш не бил дел од извршната власт и немал владина функција, и сега доколку Ахмети се реши да влезе во трка за Вила Водно и изгуби, што е многу веројатно, би заминал засекогаш во политичка пензија.

„Али Ахмети каде и да се појави не смее да загуби. Доколку загуби, тоа ќе биде навистина трагичен крај на политичка кариера. Затоа велам, името на Али Ахмети, на кандидатска листа за претседател е фолклор, класичен фолклор, национално – матистички повик на нешто што полека полека се растура..“ додава Јонуз.

Шпекулациите, никогаш не демантирани од Ахмети, дека тој ќе биде кандидатот за претседател на интегративците, доаѓаат после 22 години власт, во кои, тој секогаш, од страна управувше со партијата. Освен пратник во Собранието, Али Ахмети поголема функција не се реши да преземе, иако и законодавниот дом не му беше омилено место за престој. Исто толку ретко беше и неговото обраќање на македонски јазик, официјалниот јазик во Македонија, и секој изговорен македонски збор беше пренесуван како светско чудо од медиумите.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More