Home » Ахмети до Коп: Институциите да постапат законски, без надворешни влијанија

Ахмети до Коп: Институциите да постапат законски, без надворешни влијанија

by Журнал

Претседателот на Демократската унија за интеграција, г-дин Али Ахмети се сретна со холандскиот амбасадор Дирк Јан Коп.

Претседателот Ахмети и амбасадорот Коп разговараа за влијанијата на истокот во регионот, владеењето на правото, реформите како и важноста од европската интеграција.

Зголеменото руско и кинеско влијание во земјата и регионот ја загрозува европската иднина.

Владеењето на правото и проверката за сите судии и обвинители беше дел од разговорот на средбата на Ахмети со амбасадорот Дирк Јан Коп.

Законот за ветинг за судиите, обвинителите и политичарите е подолго време во Собранието, но ЕУ првично имаше резерви во овој процес, повикувајќи се на примерот со Република Албанија.

Што се однесува до Врховниот суд, Ахмети истакна дека во надлежност на Судскиот совет е да постапува според законите.

Според извештаите, до денес имало повеќе дисциплински постапки и во нивна надлежност е да постапуваат согласно законот и без било каков внатрешен или надворешен притисок.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More