55
Денеска (04.06.2025) во 00.30 часот во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје ги привеле 37-годишната Б.К. и Н.Д.(39), двајцата од Скопје, затоа што околу 00.25 часот на подрачјето на Карпош се однесувале агресивно кон полициски службеници додека извршувале службени дејствија. По документирање на случајот ќе следуваат соодветни поднесоци.