Home » Агенцијата на ОН за цивилно воздухопловство пресуди: Русија е одговорна за соборувањето на авионот на „Малезија ерлајнс“ во 2014 година

Агенцијата на ОН за цивилно воздухопловство пресуди: Русија е одговорна за соборувањето на авионот на „Малезија ерлајнс“ во 2014 година

by Журнал.мк

Русија е одговорна за соборувањето на летот MH17 на „Малезија ерлајнс“ во 2014 година и ги прекршила меѓународните договори за цивилно воздухопловство, пресуди денеска Советот на Меѓународната организација за цивилно воздухопловство (ICAO) по жалбата поднесена од Холандија и Австралија.

Холандија поднесе жалба откако Русија се повлече од преговорите за утврдување на одговорноста за соборувањето на авионот.

Проруските сили го собориле малезискиот Боинг 777 што леташе од Амстердам до Куала Лумпур над источна Украина во јули 2014 година, при што загинаа сите 298 патници и членови на екипажот, вклучувајќи 196 холандски државјани и 38 Австралијци.

Во ноември 2022 година, холандски суд осуди двајца Руси и еден Украинец во отсуство за нивната улога во нападот во кој беше урнат авионот. Москва ја нарече таа одлука „скандалозна“ и рече дека нема да ги екстрадира своите граѓани.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk