Home » Агелер за изборите во САД: Гласањето во демократија е привилегија, важно е секој граѓанин да излезе и да гласа

Агелер за изборите во САД: Гласањето во демократија е привилегија, важно е секој граѓанин да излезе и да гласа

by Журнал.мк

Како амбасадор во Македонија мојата порака е дека е од витална важност секој граѓанин да излезе да гласа. Гласањето во демократијата е тајна одговорност и огромна привилегија, порача американскат амбасадорка, Анџела Агелер.

-Јас гласав. Се надевам и очекувам дека ќе има мирна и фер транзиција на силата. Тоа е она што го очекуваме сите и се надеваме дека така и ќе биде – рече Агелер во изјава за медиумите за коментар за нејзините очекувања од денешните Претседателски избори во САД.

Во САД денеска се одржуваат претседателски избори. Гласачите низ длабоко поделената земја ќе одлучуваат дали Камала Харис или Доналд Трамп во јануари ќе бидат во Белата куќа.

Околу 240 милиони луѓе имаат право да гласаат на изборите, кои исто така ќе одлучуваат за составот на двата дома на Конгресот: Претставничкиот дом и Сенатот. Која партија ги контролира нив ќе има големо влијание врз агендата на политиката на идниот претседател.

Повеќе од 78 милиони избирачи веќе гласале во 47 држави и во Дистриктот Колумбија, според податоците што ги собрале СИ-Ен-Ен, Edison Research и Catalist, компанија која обезбедува податоци, аналитика и други услуги на демократите, академиците и непрофитните групи за застапување, вклучително и увид за тоа кој гласа пред ноември.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk