Home » Агелер: Не коментирам предлог-закони, поздравувам борба против корупција

Агелер: Не коментирам предлог-закони, поздравувам борба против корупција

by Журнал

Американската амбасадорка во Скопје, Анџела Агелер за Радио Слободна Европа вели дека не коментира предлог законски решенија, но ги поздравува и силно поддржува сите напори за истраги на наводните коруптивни криминални активности.

– Ние ги сметаме за одговорни оние кои ја злоупотребуваат јавната доверба за лична корист. Јас претпоставувам дека институционални и законодавни реформи кои ќе ја зголемуваат транспарентноста и ја зајакнуваат борбата против корупцијата ќе бидат добредојдени не само од меѓународната заедница, туку и од сите граѓани на Северна Македонија – истакнува амбасадорката Агелер.

Овој нејзин коментар следува по најавените измени на Законот за рестриктивни мерки, со кои ќе се санкционираат македонските државјани и фирми кои ќе се најдат на американската и на британската црна листа.

Иако предлогот за измена на Законот за рестриктивни мерки помина на владина седница и покрај правните дилеми што ги посочи Министерството за правда, неизвесно е дали тие бидат донесени од овој собраниски состав, имајќи предвид дека остануваат уште два месеца пред да почне кампањата за парламентарните и претседателските избори.

На црната лиса на САД се десетина сегашни и поранешни функционери, бизнисмени и компании. Меѓу актуелните фунцкионери на црната листа се најде струшкиот градоначалник Рамиз Мерко од ДУИ, а на неа е и поранешниот вицепремиер за економски прашања и бизнисмен Кочо Анѓушев.

На американската црна листа се и поранешниот премиер Никола Груевски, поранешниот шеф на УБК Сашо Мијалков, бизнисменот Јордан Камчев и рускиот бизнисмен Сегреј Самсоненко, кој има бизниси во земјава.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk