Home » Аеродромот во Јапонија затворен поради изгубени ножици

Аеродромот во Јапонија затворен поради изгубени ножици

by Журнал.мк

Сообраќајот на еден од најпрометните јапонски аеродроми неодамна беше запрен кога еден пар ножици исчезна од продавница во чекалната за домашни летови, јавува Си-Ен-Ен.

Загриженоста за исчезнатите ножици доведе до повеќечасовна безбедносна потрага на аеродромот Китосе, кој ја опслужува областа Сапоро на островот Хокаидо.

Според аеродромот, 36 летови биле откажани на 17 август, а уште 201 биле одложени при претресот.

Имаше загриженост дека потенцијален терорист би можел да ги земе ножиците и да ги употреби како оружје во авионот. На крајот, соопштија од аеродромот, пронајдени се ножиците и летовите може да продолжат.

-Свесни сме дека инцидентот настанал поради непостоечкиот систем со кој се користи овој вид на производ и се чува во продавницата“, велат надлежните од управата на аеродромот.

„Ќе го истражиме овој инцидент, ќе ја утврдиме неговата причина и ќе спречиме да се повтори. Исто така, ќе повториме дека ваквите инциденти може да укажуваат на можност за терористички напад и киднапирање на авион и ќе се обидеме да го направиме персоналот на аеродромот целосно свесен за важноста од ракување со такви алатки“.

Меѓу патниците погодени од безбедносните проблеми беше и јапонскиот рок бенд 9mm Parabellum Bullet, кој пропушти настап на годишниот музички фестивал во Хокаидо поради откажување на летот.

Многумина го пофалија аеродромот дека сериозно ја сфатил можната кражба на ножиците.

„Како патник, благодарен сум што презедоа такви темелни мерки за да се осигура безбедноста на патниците“, објави еден корисник на мрежата X.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More