Home » Адвокатот на Васил најави жалба за затворската казна: Не може од овој настан да се спроведува нова казнена политика

Адвокатот на Васил најави жалба за затворската казна: Не може од овој настан да се спроведува нова казнена политика

by Журнал.мк

Адвокатот и бранител на обвинетиот Васил Јованов, Сашко Дуковски, изјави дека ќе се жалат до Апелација на 12-годишната затворска казна.

Според Дуковски претходните вакви случаеви се казнувале со помали казни, па и тој бара истата да се намали.

„Бидејќи признавме вина, очекувана беше осудителна пресуда. Ваква пресуда не е во согласност со воспоставената пракса. Иста ваква сообраќајка, во 2019 година, на истото место, завршена е со правосилно со 3,5 години затвор. Сетете се на пресудата во Велес, само со еден прекршок повеќе – правосилно заврши со осум години. Само за тоа преговарам. Не може од овој настан да се спроведува нова казнена политика. Сметам дека не е ценето во доволна мера признанието на вина“, рече Дуковски.

Возачот Васил Јованов кој на пешачки премин ја прегази Фросина Кулакова поминувајќи на црвено светло, е осуден на 12 години затвор. Јованов доби и забрана за управување со моторно возило. Судијката Снежана Марковска рече дека најниската казна за делото за кое се гони Јованов е четири години, а највисоката е 20 години.

Таткото на Фросина Кулакова, Тодор, лут од висината на казната, ја напушти судницата.

„Судот е мафија!“, рече тој и излезе од салата.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk