Home » Адвокат: Телото на Данка Илиќ никогаш нема да биде пронајдено

Адвокат: Телото на Данка Илиќ никогаш нема да биде пронајдено

by Журнал.мк

Српскиот адвокат Боривоје Боровиќ денеска изјави дека телото на девојчето Данка Илиќ (2) од Бор, кое исчезна на 26 март, никогаш нема да биде пронајдено.

Боровиќ за агенцијата Бета изјави дека полицијата под притисок на политичките власти ја водела истрагата „непрофесионално“.

„Овој случај полицијата го уништи бидејќи јавно ја водеше истрагата, објавувајќи ги дури и изјавите кои обвинетите ги дале на рочиштето. Исто така, погрешно е што на јавноста и на обвинетите им било кажано дека кривичното дело е казниво со доживотен затвор. Еден од обвинетите починал во полициска станица, најверојатно под тортура, сега секој обвинет, кој преживеал, може да каже дека бил принуден да даде изјава под полициска тортура“, рече адвокатот.

Според него, доколку се докаже дека Далибор Драгијевиќ починал како последица на полициска тортура, изјавите на останатите обвинети кои го признале делото не можат да бидат доказ.

-Ако нема траги од ДНК од возилото, тоа ќе значи дека сите докази се контаминирани од политичарите, кои набрзина сакаа да објават дека случајот е расчистен. Полицијата беше прилично засрамена што не го најде телото и по речиси два месеци е очигледно дека тие не презеле криминално-форензички дејствија навреме, туку се потпирале на полиграфот, кој е неважен за истрагата на обвинителството“, рече Боровиќ.

Тој нагласи дека телото на девојчето нема да биде пронајдено.

-Телото на Данка Илиќ нема да биде пронајдено и истрагата ќе мора да се прекине, а оваа трагедија ќе се претвори во фарса“, процени тој.

Девојчето Данка Илиќ исчезна на 26 март од семејниот двор во населбата Бањско Поље кај Бор. Српскиот претседател Александар Вучиќ и соопшти на јавноста дека девојчето било убиено на 4 април.

Срѓан Јанковиќ (50) и Дејан Драгијевиќ (50), вработени во ЈКП „Водовод“ од Бор се уапсени поради сомнение дека прво со службено ја удриле малата Данка, а потоа ја внеле во возилото и ја убиле.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More