Home » Административците и оние кои имаат технички професии ќе бидат првите на удар од вештачката интелегенција

Административците и оние кои имаат технички професии ќе бидат првите на удар од вештачката интелегенција

by Журнал.мк

За некого олеснување, за некого отказ. Вештачката интелигенција која постојано се развива ќе помогне во многу професии, но некои и целосно ќе ги замени.

И самата вештачка интелгенција потврдува дека човештвото е на прагот на огромна промена, на нова индустриска револуција.

Со ова се согласуваат и софтверските инженери кои секојдневно ја користат вештачката интелигенција – први на удар ќе бидат административните и техничките професии кои ќе бидат целосно автоматизирани.

„Еден аспект е дека за жал може да придонесе до целосно укинување на некои работни позиции, бидејќи можат веќе да бидат автоматизирани со помош на процесите на вештачката интелигенција. Но, според мене тоа не би бил преогромен број на работни места, но во голем дел ќе ги измени работните места бидејќи определни задачи кои што работниците ги прават ќе може да бидат извршени побрзо“ – вели Стефан Андонов, асистент на ФИНКИ.

Новите алатки веќе се користат и во образовниот систем – од една страна ја олеснуваат работата на професорите, но од друга и ја отежнуваат зашто сега мора да проверуваат дали учениците и студентите ги злоупотребуваат и наместо сами да пишуваат есеи и да решаваат задачи тоа го препуштаат на програмите како ChatGPT.

„Во мојава професија секојдневно ја користам за се и од образование и од помош при креирање на задачи, па дури и прегледување некогаш ни помага. Особено во софтверската индустрија дефинитивно многу ни помага секојдневно во креирање, пишување на код“ – вели Стефан Андонов, асистент на ФИНКИ.

Анализата на Меѓународниот монетарен фонд покажува дека ВИ ќе влијае на околу 40% од сите работни места во светот, заменувајќи некои и дополнувајќи други.

Според извештајот на Goldman Sachs би можела да наруши до 300 милиони работни места во блиска иднина, при што 50% од глобалната работна сила е изложена на ризик од автоматизација.

Програмите како ChatGPT освен во многу професии може да помогнат и во секојдневниот живот, на пример организација на викенд патување со одреден буџет на конкретна локација и совети кои места треба да се посетат; рецепт за ручек со состојки кои има во фрижидерот; препораки за книги и филмови според желба и расположение.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk