Home » Адеми ја заби против Осијек, а голот вреди нова титула за Динамо Загреб

Адеми ја заби против Осијек, а голот вреди нова титула за Динамо Загреб

by Журнал.мк

Седма титула во низа, 18-та во последните 19 години, 25-та во 33-те години од осамостојувањето на Хрватска и 34-та во клупската историја, заедно со титулите освоени во време на Југославија и Кралството СХС.

Динамо Загреб ја продолжува доминацијата на хрватската фудбалска сцена со нова титула. Им ја носи Аријан Адеми со гол против Осијек за победа од 1:0.

Довчерашниот македонски репрезентативец се мачеше сезонава, ја бараше формата, грчевито се бореше за поголема минутажа и на крај јуначки со глава стрелаше за титула со што го воодушеви Максимир. И тоа интересно ова му е прв гол по кам бекот од Кина.

На две кола до крајот, Динамо има 7 бодови повеќе од Ријека која загуби од Вараждин и практично не освои ниту еден бод во последните три кола. Плус го загуби директниот дуел за титулата.

За Аријан Адеми ова е рекордна 13-та титула во хрватскиот шампионат со Динамо. Стефан Ристовски стигна до 4 и плус има една со Ријека.

И покрај тоа што поголемиот дел од сезоната го мина зад Хајдук и Ријека, Динамо стигна до нова титула благодарение на фантастичната форма во 2024-та.

По поразот од Локомотив со 3:0, влегоа во серија од 14 натпревари без пораз и победија на 12 средби.

Во моментов имаат 78 бода и скор од 24 победи, 6 нерешени и 4 порази.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More