Home » АДЕЛ НЕУТЕШНА, ПЛАЧЕЈЌИ СЕ ПРОСТИ ОД ПУБЛИКАТА Музичката дива ги бакна синот и свршеникот

АДЕЛ НЕУТЕШНА, ПЛАЧЕЈЌИ СЕ ПРОСТИ ОД ПУБЛИКАТА Музичката дива ги бакна синот и свршеникот

by Lina Muslija

Британската пејачка Адел ја заврши серијата концерти „Викенди со Адел“ во Лас Вегас на 23 ноември, проект којшто го започна пред две години.

Таа првично ги закажа концертите во 2022 година, но ги откажа 24 часа пред првиот концерт бидејќи половина од нејзиниот тим се зарази со коронавирусот. Адел одржа емотивен говор за време на концертот во саботата и рече дека многумина ја критикувале што ненадејно ја откажала нејзината турнеја во 2022 година.

 

„Многу сум тажна што оваа турнеја завршува, но среќна сум што се случи. Навистина сум среќна. Таа почна на многу лош начин, тоа беше една од најлошите години во мојот живот. Поминував низ многу тешкотии, беше страшно, ми велеа дека е крај на мојата кариера и дека Вегас никогаш нема да ми прости што ги откажав настапите во последен момент“, рече таа и додаде:

 

„Но, јас и мојот тим разговаравме и тогаш се расплакав за првпат. Ако го одржав шоуто што го откажав, сигурно немаше да бидам тука вечерва, на мојот стоти настап. Ако нешто не ви одговара, не го правете тоа. Слушајте ги вашите инстинкти. Ако нешто не е во ред – не го правете тоа. Многу сум горда на себе, на мојот тим, група, обожавателите и благодарна сум што Вегас ми даде втора шанса“, рече таа, а потоа се спушти во публиката и ги прегрна својот свршеник и својот син.

 

По исцрпувачката двегодишна турнеја, пејачката истакна дека е уморна и подготвена за подолг одмор.

„Четири часа пеење во живо секој викенд се многу. Зборувам многу, но многу сум чувствителна и емотивна. Уморна сум по сите овие настапи. Го носам секој човек од оваа соба во мојата душа. Ова е голема работа за мене бидејќи е многу, многу слатко. Но, ова шоу ми беше на ум четири години… Четири години поради една проклета идеја. Затоа, со нетрпение очекувам да имам многу слободно време за да го сакам мојот син, мојот партнер. Да си го сакам домот“, рече таа за време на еден настап, пишува „Дејли мејл“.

Потоа кажа и што планира да прави по одржувањето на последниот концерт од оваа турнеја.

„Веројатно ќе пијам многу црвено вино во сабота навечер. Највозбудливото нешто е кога ќе заврши шоуто. После тоа, мислам дека само ќе се опуштам до крајот на годината“, изјави Адел.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk