Home » Адел го прекина концертот поради олимпиското женско финале на 100м

Адел го прекина концертот поради олимпиското женско финале на 100м

by Журнал.мк

За време на вториот концерт во Минхен, мегапопуларната пејачка Адел ги воодушеви своите обожаватели со необичен потег – го прекина настапот за да и овозможи на публиката да ужива во преносот на Олимписките игри во Париз.

Адел ги воодушеви обожавателите со преносот на полуфиналето и финалето на Олимписките игри на 100 метри за жени на концертот во Минхен. Снимката споделена на социјалните мрежи покажува како Адел го прекинала на кратко концертот за на голем видео ѕид да биде пуштено финалето на 100 метри во женска конкуренција од Олимписките игри во Париз.

Полуфиналето се пренесуваше на преполн стадион, а финалето беше прикажано неколку часа подоцна, во живо од Париз.

Во финалето златото го освои Џулиен Алфред од Сент Лусија, додека Американката Ша Кари Ричардсон го освои сребрениот медал.

Пејачката овој месец има 10 концерти во германскиот град во специјално адаптирана арена со капацитет од 80.000 луѓе по вечер. Таа мораше да го прекине својот прв концерт во Минхен за да и се помогне да го отстрани делот од фустанот кој и беше влажен од силниот дожд.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More