Home » Адама Траоре се враќа во Барселона

Адама Траоре се враќа во Барселона

by Журнал.мк

Адама Траоре се враќа во Барселона, тврдат медиумите од Каталонија. Според овие извори, супер-менаџерот Жорж Мендеш ги финишира преговорите со Барселона околку овој трансфер. Оба значи дека Антонио Конте и Тотенхем, ќе извисат за веќе најавеното засилување. Вулверхемптон, пред неколку дена ја прифатија понудата од 20.000.000 евра за Траоре.

Адама Траоре е продукт на академијата на Барселона, Ла Масија. Кога требаше не доби шанса во сениорскиот тим, поради што се пресели во Англија, во Астон Вила, потоа во Мидлсброу и на крајот во Вулверхемптон.

Трансферот на Траоре, како што тврдат медиумите, нема врска со одлуката на Усман Дембеле, дали ќе остане или ќе го напушти клубот.

Клучен играч во трансферот на десното крило е Франсиско Тринкао. Португалецот оваа сезона е во Вулверхемптон како позајмен играч. Англичаните имаат можност да го откупат за 30.000.000 евра, во спротивно ќе мора да и платат на Барселона 6.000.000.

Се уште не е познато под кои услови Барселона ќе го донесе Траоре, но според медиумите условите ќе бидат и повеќе од поволни, секако доколку Тринкао се согласи да остане во Вулверхемптон.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More