Home » AC Schnitzer BMW Series 5

AC Schnitzer BMW Series 5

by Журнал

Германскиот тјунер AC Schnitzer потврди дека работат на серија модификации за новата Series 5 на BMW.

Поточно, нивниот пакет ќе биде достапен наскоро, а вклучува доработка на надворешноста и внатрешноста, како и подобрување на управувањето и перформансите.

За почеток, најавени се нови тркала (21-инчен AC3, 20-инчен AC4, 19-инчен и 20-инчен AC1) и дистацијали, додека пакетот aero body kit (нов преден спојлер, странични прагови, заден спојлер, заден дифузер) ќе пристигне подоцна, a тука е и изменета суспензија и поголема моќност (подобрување на перформансите за бензинските, дизелските и хибридните верзии на Series 5).

Меѓу другото, за внатрешноста се најавени AC Schnitzer педали, алуминиумски детали и нови патосници.

Покрај седанот, AC Schnitzer ќе го понуди и својот пакет за идната Series 5 Touring (караван).

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More