Home » Абдиџику: Да одлучиме дали ќе се вратиме на традиционалниот пат или ќе го предадеме Косово на левицата

Абдиџику: Да одлучиме дали ќе се вратиме на традиционалниот пат или ќе го предадеме Косово на левицата

by Журнал.мк

Шефот на опозицискиот Демократски сојуз на Косово (ЛДК), Љумир Абдиџику изјави дека следните парламентарни избори, закажани за 9 февруари идната година година, ќе одлучат дали Косово ќе се предаде на левицата или ќе се врати на неговиот „традиционален пат“, јави дописникот на МИА од Приштина.

На партискиот собир во Големо Крушево кај Клина, Абдиџику упати критики на сметка на владата на премиерот Албин Курти за расипување на односите со сојузниците и недостаток на економски развој.

„Треба да одлучиме, дали ќе се вратиме на нашиот традиционален пат или ќе го предадеме Косово на левицата, на оние кои не раскаруваат со сојузниците, ниту пак прават економски развој, ги бркаат луѓето од Косово и по цел ден се жалат за тоа што се случило пред 20 години“, рече Абдиџику.

Опозицискиот лидер порача дека „во политиката не сме за да се жалиме, туку во политиката сме за да нудиме решенија“.

„Да не се спомнува зборот војна во Косово, туку да се зборува за иднината, за инвестициите, за новите работни места, за достигнувања на албанскиот народ… не за страв, не за војна. Треба да се потрудиме денес, особено сега во наредните четири месеци, нашиот десничарски глас да се распространи низ цело Косово за луѓето да сфатат дека Косово заедно со сојузниците, во НАТО, е историски и национален интерес на овие луѓе, на оваа земја“, изјави Абдиџику.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk