25.4 C
Skopje
Thursday, May 13, 2021

АА: Спасовски раководи со институција која ги дискриминира граѓаните по етничка основа

Најчитани вести

Од Алијанса на Албанците реагираат на денешната изјава на министерот Оливер Спасовски, околу измените на Законот за законот за државјанство.

-Оливер Спасовски продолжува да инсистира во неговиот шовинистички менталитет, со што се обидува да ги убеди граѓаните дека е во право за нешто што не е во негова надлежност. Предлагач на Законот за Државјанство е Коалицијата Алијанса за Албанците и Алтернатива, така да мислења ниту сме барале ниту ќе бараме од вас, а ниту МВР има право да дава мислење за законот.
Спасовски раководи со институција која ги дискриминира своите граѓани по етничка основа, лишувајќи им го правото на државјанство, велат од партијата.

Оттаму додаваат дека го покануваат министерот Спасовски да го објави бројот на лица без државјанство, а изразија и незадоволство од заменикот министер назим Буши.

-Нека го објави бројот и да се откаже од тенденцијата за замаглување на јавноста со бескорисни писма и мислења, бидејќи немаме потреба за мислење од вас.
Што да кажеме за Назим Буши, освен дека е срамот и црниот образ што го толерира овој расизам и шовинизам кон Албанците.
Дебатата и сите постапки за предметниот закон се одвиваат во Собранието и во согласност со деловникот за работа на Собранието, велат од партијата.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести