-5.2 C
Skopje
Saturday, January 22, 2022

Aлтернатива го повлече својот кандидат за Кичево

Најчитани вести

Кичево најверојатно ќе остане со тројца кандидати за локалните избори, бидејќи Алтернатива го повлече кандидатот Мазлам Османи за оваа општина, а ова го прави 3 дена по објавувањето. Велат дека не можат да прават нешто што им оди на штета на Албанците а сметаат дека Кичево е вага на нашата национална совест.

„Иако делењето на гласот почна откога ДУИ инсистира да извади чист партиски кандидат и да го продаде во име на народот, ние не сакаме да бидеме актери во т емата на делење на албанскиот глас. Водени од тоа да ги поставиме народните интереси пред партиските но и почитувајќи го повикот на печалбарите за обединување, ние неколку пати во минатото упативме апел во Кичево да кандидираме еден заеднички кандидат Албанец, но тоа не се случи токму поради инсистирањето на ДУИ за партиски кандидат.“, вели Нурџан Асаноска од Алтернатива.

ТВ21 дознава дека оваа партија ќе го поддржи независниот кандидат Фатмир Лимани и очекуваат иста одлука да донесе и нивниот коалиционен партнер АА. Побаравме став од АА за тоа кого ќе го поддржат, но од таму велат дека секоја одлука ќе ја донесат заедно со коалициониот партнер.

„Како што знаете ние сме во коалиција со Алтернатива и од аспект на ваквата соработка на дравно ниво се договоривме во Кичево да настапиме сои кандидат од коалицијата кој ќе биде од редовите на нашиот партнер Алтернатива. За секоја поинаква одлука во иднина ние ќе бидеме единствени во заедничкиот став со коалициониот партнер и кандидатот Мазлам Османи.“, рече Ремзи Мехмеди.

Освен независниот кандидат Лимани, во трка за прв човек на Кичево се и Фатмир Дехари од ДУИ и Александар Јованоски од ВМРО-ДПМНЕ. СДСМ нема свој кандидат, туку само советничка листа, заедно со коалицијата. Од оваа партија се уште немаат одлучено кого од гореспоменатите кандидати ќе го поддржат. За ТВ21 рекоа дека за тоа ќе дискутираат со владиниот партнер, атоа во случајов е ДУИ.

Изборите ќе се одржат на 17 октомври и како што изгледа ова ќе биде една од најжешките трки, повеќе од аспект на тоа кој кого ќе поддржи, во првиот или вториот круг од изборите.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com