Серија земјотреси ја погодија повторно Албанија. Граѓаните во паника ги напуштија своите домови. Во меѓувреме, градоначалничката на Драч си даде оставка по изјавата дека е среќна што се 50 жртви, бидејќи бројката можела да биде многу поголема.
Јавноста бурно реагираше на оваа изјава и таа мораше да се повлече.Општинскиот совет веќе назначи нејзин заменик. Утврдувањето на штетите од земјотресот се уште трае. Во инспекциите се вклучени и странски експерти од многу европски земји.