4.8 C
Skopje
Sunday, April 2, 2023

Aжурирајте ја сметката во банка за да не бидете блокирани

Најчитани вести

Голем дел од граѓаните се жалат дека не можат да подигнат пари од сметка и имаат блокирани сметки поради тоа што не ги ажурирале податоците.

Во зависност од банката, обврската да пријавите било каква промена на личните податоци е периодична на 3 до 5 години, но граѓаните се револтирани што никој не ги известил или барем да ги потсетил дека се должни да го сторат тоа.

За среќа, банките овозможуваат и електронски да се ажурирате и не наплатуваат за деблокада на сметката, но постарите граѓани кои не го користат електронското банкарство мора да ја завршат оваа обврска на банкарските шалтери.

Најнови вести