24.8 C
Skopje
Tuesday, May 24, 2022

Aвстриска министерка со босанско потекло осомничена за плагијат

Најчитани вести

Познатиот ловец на плагијати Стефан Вебер најде нова жртва во австриската политика – министерката за правда Алма Задиќ, кој тврди дека нејзината докторска дисертација е плагијат.

Инаку, Задиќ ја напишала својата докторска дисертација на тема „транзициска правда во поранешна Југославија“.

Вебер и поранешниот декан на Универзитетот Лудвиг Максимилијанс во Минхен, Мануел Тајсен, како и научничката Катарина Ренер, тврдат дека министерката со босанско потекло многу копирала во таа работа.

Ренер откри дека 85 цитати не биле означени како што треба.

„ Строго формално, би рекол дека се работи за плагијати на текстови. Оригиналните цитати се речиси целосно преземени, а пар изрази се парафразирани“, вели професорот Тејсен.

Вебер вели дека докторската дисертација на Задиќ е мешавина од реченици и низа зборови кои се целосно преземени, без да го наведе изворот. Министерката Задиќ во првата реакција рече дека тоа се неосновани и неточни тврдења.

Инаку, Вебер е познат ловец на плагијати, па минатата година ја „собори“ поранешната министерка за труд Кристина Ашбахер.

Откако Вебер изнесе тврдења за плагијат на научна работа, Ашбахер поднесе оставка.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com