-2.2 C
Skopje
Monday, January 17, 2022

AББA повторно меѓу првите 10 синглови во Велика Британија

Најчитани вести

Шведската поп-група AББA првпат по 40 години се враќа меѓу првите 10 најпродавани синглови во Велика Британија. И тоа со две нови песни од нивниот нов албум „Voyage“.

„I Still Have Faith in You“ и „Don’t Shut Me Down“ засега се на шестото и седмото место на ранг-листата во Велика Британија според првите објави за продажбата и стрим-услугите. Официјалната топ-листа ќе биде објавена в петок.

„ Ако продолжи со оваа динамика, овие наслови ќе бидат првите синглови на АББА меѓу првите 10 во Велика Британија, по „One Of Us“, од декември 1981 година, истакна телото задолжено за класификацијата.

„I Still Have Faith in You“ бележи солидна продажба на ЦД-а и плочи, а „Don’t Shut Me Down“ е најсимнуваната песна во Велика Британија оваа недела, соопштуваат оттаму, и велат дека вкупниот тираж е над 500.000 пати. Двата нови сингла се наоѓаат на „Voyage“ – првиот студиски албум на АББА, по „The Visitors“ од 1981 година.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com