За нас

Журнал МК е независен информативен портал.

Овој портал е заеднички проект на Здружението за транспарентно информирање ОТИ Груп и Новинската агенција Журнал. Целта на проектот е давање поддршка и поттик на младите новинари, правилен тек и развој на новинарството во Македонија.

Вести, репортажи и други интересни информации се наоѓаат на нашиот портал информирајќи ги читателите за настаните од Македонија, регионот и светот.

Порталот е ажуриран постојано со политички, економски и културни настани, вести од спортот, видео-вести, интервјуа, случувањата во македонската и светската музичка естрада а постојано место имат новините од технологијата.

Освен овие рубрики, има интерактивни сервиси – форуми, каде читателите ќе можат да пишуваат за разни теми.

Како резултат на објективното и професионалното работење, Журнал.мк успеа за кратко време да достигне висока посетеност потврдена од реномирани мерачи на посетеност на веб страниците.

Ваквата посетеност не поттикна да започнеме нови проекти со цел реализирање на нашата цел за брзо и точно информирање.

Освен целта за брзо и објективно информирање на своите читатели, Журнал.мк работи и на афирмирање на културата, заштитата на животната средина, подигнување на свеста за меѓусебна толеранција, како и во афирмирање на самиот сајт.