Крвава драма во Швајцарија: Иселеник од Македонија ја убил својата сопруга

И.Б, 37-годишник од Македонија, ја убил неговата сопруга во Швајцарија.

Тој со нож ја убил неговата 34-годишна сопруга, пишува Индексонлајн.
Пријател на жртвата, шокиран од настанот, изјавил дека жената сакала да се разведе од сопругот, кого го опишува како насилен и кој често ја злооупотребувал.

Член на семејството изјавил дека парот живеел оделeно.

– Таа не му дозволуваше да ги види децата, но неодамна, му дозволи да ги посети, така што тој изнајми соба во близина на нивниот дом – изјавил роднина.

InterServer Web Hosting and VPS