Акција на грчката крајбрежна служба за пронаоѓање на чамец со бегалци и мигранти во Егејското море

Грчката крајбрежна служба започна акција за пронаоѓање на чамец со бегалци и мигранти во Егејското море, источно од островот Андикитира што се наоѓа помеѓу Пелопонез и Крит, објави грчката новинска агенција АНА-МПА.

Според информациите, на европскиот број за итни случаи 112, се јавило лице кое рекло дека чамецот е во тешка ситуација, а на него има околу 80 лица, по што веднаш започнала акцијата во која се очекува да се вклучи и Фронтекс, jави дописничката на МИА од Атина.

InterServer Web Hosting and VPS