Уништено едно од новите спортски игралишта во Куманово

Несовесни граѓани ја уништеле подлогата на поставеното ново спортско игралиште во едно од трите средни училишта во Куманово, објави денеска на социјалните мрежи, кумановскиот градоначалник Максим Димитриевски.

– Тартан гумената подлога на надворешното игралиште во техничко училиште „Наце Буѓони“ во Куманово е уништено од страна на вандали во текот на вчерашниот ден веднаш по неговата изведба-напиша Димитриевски.

InterServer Web Hosting and VPS