Пукање во скопски Чаир, нема пријави за повредени лица

Пред продавница за автоделови во скопската населба Чаир попладнево имало пукање, во кое досега, како што соопштија од МВР, нема пријавено повредени лица.

-На 20.11.2020 во 14:55 пријавено е пукање од огнено оружје на ул.„Цветан Димов“ пред продавница за автоделови. До сега нема пријавено повредени лица. На местото на настанот се пронајдени чаури од огнено оружје, посочуваат од МВР.

Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.

InterServer Web Hosting and VPS