Volkswagen подготвува спортски електричен караван

ID. Space Vizzion е најновиот концепт на Volkswagen од ID брендот за електрични возила кој добива зелено светло да започне со производство

Volkswagen го покажа ID. Space Vizzion пред една година на Салонот во Лос Анџелес како седмиот концепт поставен на нивната MEB платформа. Концептот има форма на спортски караван, а во една објава на социјалните мрежи, извршниот директор на Volkswagen потврди дека моделот ќе влезе во производство.

Брандштетер не откри многу детали околу продукцискиот модел, но потвврди дека истиот ќе има 700 километри автономија со едно полнење на батеријата. За споредба, ID. Space Vizzion концептот беше промовиран со предвиден опсег на движење од 482 километри според EPA циклусот, односно 590 километри според WLTP.

Останатите Volkswagen ID концепти кои влегоа во производство претрпеа минимални стилски промени. Оттаму, се очекува истиот модерен дизајн од концептот да се најде и на производствената лента. Концептот се карактеризираше со уникатни фарови, дневни светла инкорпорирани во лажната предна решетка и испреплетени задни светла со LED светлосна лента.

Иако концептот беше презентиран со четири седишта, се очекува конечниот производ да нуди простор за пет патници. Погонските детали не се достапни во моментов, но концептот поседуваш 82 kWh литиум-јонска батерија и единечен електромотор кој испорачува 275 кС и 550 Nm.

InterServer Web Hosting and VPS