Велика Британија наскоро ги олеснува рестриктивните мерки

epa08811172 A sign informing about social distancing on an empty Westminster Bridge in London, Britain, 10 November 2020. The UK remains in its second national lockdown. This comes as news reports state that Covid-19 related deaths in Britain have increased by 46 percent in less than a week. Meanwhile British Prime Minister Boris Johnson has sated that a vaccine could be available by Christmas. EPA-EFE/ANDY RAIN

Велика Британија би можела да ги олесни рестриктивните мерки со цел да им дозволи на семејствата да се собираат за Божиќ, затоа што постојат сигнали дека состојбата со коронавирусот почнува да се подобрува како резултат на моменталното заклучување ширум земјата, изјави денеска британскиот министер за здравство Мет Хенкок.

Велика Британија има најлош корона биланс во Европа, со најмногу смртни случаи, а премиерот Борис Џонсон воведе едни од најстрогите мерки по Втората светска војна, со цел да го запре ширењето на вирусот.

Ханкок рече дека е во контакт со администрациите во Шкотска, Велс и Северна Ирска, со цел да им се овозможи на луѓето да го слават Божиќ со своите семејства.

Англија е „под клуч“ веќе две недели, а Хенкок нагласува дека рестриктивните мерки го намалија бројот на пациенти, што, според него, е важен показател дека работите почнуваат да се движат во вистинската насока пред одлуката за Божиќ.

– Ова се охрабрувачки сигнали, заклучувањето дава резултати, рече Хенкок за „Скај њуз“.

Заклучувањето во Англија треба да заврши на 2 декември, иако министрите не ја исклучија можноста рестриктивните мерки да бидат продолжени.

InterServer Web Hosting and VPS