Ерменскиот министер за одбрана поднесе оставка

Ерменскиот министер за одбрана Давид Тонојан денеска поднесе оставка.

Него ќе го замени советникот на премиерот, Вагаршак Хартујунјан, објави денеска државната телевизија, a пренесе „Тасс“.

„Давид Тонојан поднесе оставка, а главниот советник на премиерот Никола Пашнијан ќе го замени. Тој веќе беше на чело на Министерството за одбрана пред 20 години“, наведува изворот на агенцијата „Тасс“.

Тонојан дојде на министерското место во мај 2018 година, по политичките промени во земјата, а пред тоа беше министер за вонредни состојби и заменик министер за одбрана.

Генералот Хартујунјан беше министер за одбрана помеѓу 1999 и 2000 година.

InterServer Web Hosting and VPS