Трамп преку судови се обидува да ја спречи победата на Бајден, но губи тужба по тужба

Американскиот претседател Доналд Трамп и неговите сојузници изгубија три пресуди во обид да го спречат демократот Џо Бајден да прогласи победа на изборите.

Судија во Џорџија, назначен од самиот Трамп, го одби барањето на конзервативниот адвокат Лин Вуд да се спречи потврдувањето на победата на Бајден во таа држава. Во тужбата се тврди дека изборните службеници таму неправилно го смениле процесот на пребројување на гласачките ливчиња на отсутни гласачи.

„ Запирањето на прогласот во последен момент би предизвикало збунетост и обесправување, што нема основа во фактитге и законот“, рече судијата во Атланта, Стивен Гримберг, за време на изрекувањето на пресудата.

Правниот тим на Трамп, предводен од неговиот личен застапник, поранешниот градоначалник на Њујорк, Руди Џулијани, во средата одржа прес-конференција на која нагласи дека Трамп е победник на изборите. Тој изнесе низа обвинувања за изборни нерегуларности, но најавено е дека ова е само почеток на долг процес и дека подоцна ќе презентира докази.

Стратегијата на Трамп да остане на власт се повеќе е насочена кон убедување на републиканските законодавци да интервенираат во негово име во клучните држави каде победи Бајден, изјавија три извори за Ројтерс.

Набргу по соопштението до медиумите во средата, судот во Пенсилванија го отфрли обидот на стожерот на Трамп да поништи 2,2 илјади гласови во округот Бакс, во близина на Филаделфија, Пенсилванија, поради наводни неправилности.

Судот во Аризона, во меѓувреме, ја отфрли тужбата, која повика на спречување на официјалните претставници на Феникс да ја потврдат победата на Бајден.

Републиканската партија во Аризона побара од судијата да нареди нова проверка на гласовите во округот Марикопа, каде живеат мнозинството жители на таа држава, тврдејќи дека гласовите таму биле незаконски преброени.

Судијата сè уште не објасни зошто го отфрли случајот, но најави дека ќе објави подетално толкување подоцна.

InterServer Web Hosting and VPS