Проверете кои денови се најдобри за да се откажете од пушењето и да започнете со диета, а кога НЕ СМЕЕТЕ да возите

Статистичките податоци покажуваат дека во понеделник има најголеми шанси да имате срцев удар

Кога опишуваме нешто што ни се случило, денот кога се случил тој настан, го споменуваме само како временска одредница.

Меѓутоа, научниците тврдат поинаку и тврдат дека одредени денови во неделата се добри или лоши за нас.

Имено, кога ќе се искомбинираат наодите од повеќегодишни студии, класично истражување, статистика и зачестеноста на пребарувањата на Интернет, доаѓаме до многу интересни податоци за секој ден.

Понеделник

Идеално е да се откажете од цигарите и да започнете диета. Од друга страна, ова е најстариот депресивен ден во неделата со најмногу забележани самоубиства. Исто така, во понеделник, имате најдобри шанси да имате срцев удар или да завршите во болницата.

Вторник

Најдобар ден за породување. Ова е после бавниот понеделник и денот кога е вистинско време да ги исполниме сите обврски што ги одложуваме.

Среда

Идеален ден за купување – особено во попладневните часови. Кој знае зошто, но истражувањата покажуваат дека газдите се во најдобро расположение во среда и дека ова е најдобро време да побарате зголемување на платата.

Четврток

Најдобриот ден за секс – во исто време најнезгодното време да одите на лекар затоа што статистиката покажува дека во четврток, во просек, чекате до еден час подолго за да ве прегледа лекар.

Петок

Денот кога сме во најдобро расположение, но и денот кога не треба да седите зад воланот – 17% од сите сообраќајни незгоди се случуваат во петок, што не е ни чудно, затоа што завршува работната недела и започнува лудиот викенд.

Сабота

Ден во кој, логично, спиеме подолго од кој било друг ден. Друга бизарна статистика вели дека треба да се биде внимателен околу 18:30 часот бидејќи тоа време се случуваат повеќето несреќи во кујната.

Недела

Најсреќниот ден во неделата, но и најзлобниот – досега најголем број паѓања и скршени коски се забележани во неделата.

InterServer Web Hosting and VPS