Google потпиша договори за авторски права со шест француски весници и списанија

Најпознатиот светски пребарувач Google потпиша договори за авторски права со шест француски весници и списанија, вклучувајќи ги и националните дневни весници „Монд“ и „Фигаро“, соопшти денеска американската технолошка компанија на својот блог.

Објавувањето следува по повеќемесечни преговори меѓу Google, француските издавачи и новински агенции за тоа како да се имплементираат ревидираните правила за авторски права на ЕУ, што на издавачите им овозможуваат да бараат компензација од интеренет платформите што прикажуваат извадоци од нивните вести, пренесуваат британските медиуми.

Најголемиот светски пребарувач првично се противеше на идејата да им плаќа на издавачите за содржините, објаснувајќи дека нивните веб-страници имаат корист од поголемиот сообраќај што им го носи Google.

Google наведува дека договорите со шесте француски весници се темелат на критериумите, како што е издавачкиот „придонес за политичките и општи информации“, дневен обем на публикации, месечен интернет сообраќај и употреба на нивната содржина на неговата  платформа.

Соопштението на Google доаѓа само еден месец откако со судска пресуда на американската компанија и беше наложено да почне преговори со француските издавачи за плаќање за употребата на нивните содржини, потсетуваат британските медиуми.

InterServer Web Hosting and VPS