Новиот тренер на Рома вети трофеј за 2-3 години

Селекторот на Рома, Пауло Фонсека, кој го презеде тимот по крајот на минатата сезона, едвај чека да започнат натпреварите во Серија „А“. Португалецот вети дека неговиот тим ќе игра атрактивно и ќе освои трофеј во блиска иднина.

„Сакам мојот тим да дејствува офанзивно, да владее со топката на половината на противникот и дефанзивната четворка да биде излезена високо напред на теренот“, изјави Фонсека за португалски „Дејли Рекорд“.

„Ние се подготвуваме да го направиме овој стил на игра нешто нормално за нас. Нивоата во Серија „А“ се многу високи, особено во тактиката. Продолжуваме да бидеме дефанзивни, но секогаш велам дека најдобриот начин да се браниш е да ја поседуваш топката. Верувам дека Рома ќе ја има топката поголемиот дел од времето, и така добро ќе се браниме. Во последниве години, тимот кој го освои првенството беше оној со најмалку примени голови. Ќе се обидеме да бидеме храбри и дрски на теренот. Гледам големо задоволство од сите и сум оптимист дека резултатите ќе дојдат. Мислам дека за 2-3 години можеме да освоиме трофеј. Дури сум убеден во тоа. Подготвени сме да започнеме против Џенова“, додаде поранешниот играч на Порто и Челзи.

„Волците“ се домаќини на Џенова во недела од 20:45 часот.

InterServer Web Hosting and VPS