Хонда најави како ќе изгледа единаесеттата генерација на сивикот (ФОТО+ВИДЕО)

Ова е хонда сивик прототип, и иако е означена како прототип, дава прилично добра идеја (околу 99 отсто) како ќе изгледа серискиот модел.

Во создавањето на 11-тата генерација на сивикот. Хонда му дала на седанот низок и широк став со пософистициран и попремиум дизајн од моделот во заминување. Хонда кажа дека ова е најава за сосема новиот сивик кој прво ќе биде претставен во Америка на пролет следната година, најпрво како седан, па потоа како хечбек и тајп Р верзија.

Дизајнерите на јапонската марка почнале од нискиот изгледа на 10-тата генерација и нанеле нов „тенок и лесен“ дизајнерски изглед кој вклучува ниска хауба и предни крила, како и хоризонтална странична линија.

Иако Хонда не објави фотографии од внатрешноста, добивме скица од инструмент-таблата. Открива поминималистички и поелегантен дизајн од актуелниот модел.

Настрана од новиот дизајн, Хонда кажа дека новиот сивик ќе претстави повеќе нови активни и пасивни системи за безбедност.

InterServer Web Hosting and VPS