Затворен мостот Џорџ Вашингтон во Њујорк поради закана за бомба

Поради дојава за бомба, властите во Њујорк синоќа го затворија мостот Џорџ Вашингтон на неколку часа, пред полицијата да утврди дека не станува збор за експлозивна направа, соопштија властите.

Сите ленти беа затворени околу 21 час откако беше објавено дека уредот, за кој се претпоставува дека е бомба, се наоѓал на дел од мостот во близина на Њу Џерси.

Градоначалникот на Њујорк, Бил де Бласио на Твитер ги повика патниците да бараат алтернативни патишта.Полицијата открила дека уредот пронајден на местото на настанот не бил експлозивен и работи на откривање како завршил на мостот.

InterServer Web Hosting and VPS