Караџовски: Состојбата ќе се следи, можни се нови рестрикции

Поради бројот на заболените лица, поради бројот на хоспитализирани лица, поради растот на инфицираните лица, поради зголемувањето на бројот на тестирани и поради широко распространетата инфекција низ државата, оценуваме дека се наоѓаме во една многу сложена и многу сензитивна ситуацијата, вели д-р Жарко Караџовски во интервју за емисијата Трилинг.

Претседател на Комисијата за заразни болести вели дека се размислува за сите мерки вклучувајќи локално,регионално па дури и за целосно затворање на државата. Но, прво да видиме дали новите мерки кои се донесени ќе дадат резултати. Најлесно е да предложиме карантин на целата територија.

Караџовски зоткрива дека лицата кои најчесто се заразуваат се на возраст помеѓу 20-40 години. Тие се оние кои го шират вирусот. Според проценките на д-р Караџовски на врвот сме на епидемијата, додавајќи дека македонскиот здравствен систем не е димензиониран да ни се шират повеќе епидемии во исто време, ниту може да одговориме на тоа, објаснува претседателот на Комисијата за заразни болести д-р Жарко Караџовски.

InterServer Web Hosting and VPS