Евроамбасадорот Гир: Има многу шпекулации, дијалогот мора да продолжи

Во Брисел не е постигнат никаков компромис помеѓу амбасадорите за бугарските барања, а преговарачката рамка се уште стои на масата за дискусии во ЕУ. Ова го порача евроамбасадорот во земјата Дејвид Гир.

Шпекулации. Вака, тој ја прокоментира објавата на Бриселски Политико дека амбасадорското тело КОРЕПЕР има постигнато консензус за преговарачката рамка со кое одобрува, Бугарија да ги признае македонскиот јазик и идентитет, а Македонија да ги признае бугарските темели.

„Постојат многу шпекулации во медиумите. За мене, не сметам дека е корисно да додавам нешто на тие шпекулации. Тоа што е важно е дека треба да продолжи дискусијата. Треба да се постигне договор за преговарачката рамка која е една референтна точка во преговорите за пристапување во ЕУ и потоа ќе можеме да ја имаме меѓувладината конференција за да го започнеме самиот процес. Се надевам дека тоа ќе се случи колку што е можно побрзо.“ – изјави Гир. 

Шефот на дипломатијата Османи, следната недела патува во Софија на конференција за Западен Балкан и потврди дека ќе има средба со неговата бугарска колешка Екатерина Захариева, иако засега не е утврден форматот на средбата и местото. Османи вели дека има напредок и во соработката на работните групи меѓу Македонија и Бугарија, но не открива детали. 

„Работните групи продолжуваат да работата, очекувам и денеска да продолжат да работат. Мислам дека има конкретни исчекори направено и мислам дека би било штета да не се искористи оваа динамика којашто е наметната и во односите помеѓу нас политичарите и од Комисиите од коишто очекуваме да изнајдат решенија.“ – изјави Бујар Османи МНР.

Вчера тв 24 објави, повикувајки се на високи дипломатски извори, дека во Брисел се уште се преговара, а ЕУ засега нема заземено заеднички став околу бугарските барања за преговарачката рамка.

Според нив, Бугарија на последниот КОРЕПЕР состанок притискала, а на маса пред амбасадорите, кажаа дека ставила 4 прашања – јазикот, името, македонското малцинство и историјата. 

Консензус за преговарачката рамка мора да има до 10 ноември или на Советот за општи работи во Брисел, може да се стави вето врз македонските преговори.

InterServer Web Hosting and VPS