Logitech претстави ергономско trackball глувче со Bluetooth LE поддршка

Logitech го претстави Ergo M575 – безжично trackball глувче со дизајн што нуди подобрена ергономија и некои интересни функции, позајмени од MX Ergo од горниот сегмент.

Најбитниот нов додаток е поддршката за Bluetooth LE, која овозможува Ergo M575 да се користи со iPad, MacBook или PC уредите што немаат USB Type-A порт. Доколку споменатиот приклучок постои, тука е и поддршката за 2.4GHz безжични брзини.

Физички, Ergo M575 потсетува на M570 со закривен ергономски облик, има trackball на местото за палецот, тука се левото и десното копче, скрол тркалце и две копчиња што можат да се програмираат. Новиот модел има посуптилни бразди на просторот за дланката, што овозможува подобро држење на маусот. Logitech истакнува и дека новиот модел е поудобен за користење во текот на подолг период.

Ласерскиот детектот во trackball-от може да регистрира повеќе детали, а има прецизност до 2000 DPI. Ова може да се подеси преку Logitech Options софтверот, кој исто така овозможува програмирање на гестикулации, прилагодување на копчиња и доделување на акции на глувчето.

Logitech ветува до 24 месеци помеѓу полнења на глувчето, кога се користи dongle што е вклучен во пакувањето, или 20 месеци без Bluetooth LE конекција. Logitech Ergo M575 Wireless Trackball Mouse е достапен по цена од 50 долари.

InterServer Web Hosting and VPS