САД дозволуваат продажба на чипови на Huawei доколку не се користат за 5G

Financial Times објави извештај што сугерира дека САД почнале да им одобруваат на бројните компании/производители на чипови, своите компоненти да му ги продаваат на Huawei. Единствениот услов е тие компоненти да не се користат за 5G.

Министерството за економија на САД во неодамнешните разговори со компаниите сугерираше барањата за лиценци за соработка со Huawei да се третираат со премина за нивно одбивање, но тоа може да се премости, доколку компанијата може да демонстрира дека нивната технологија не поддржува 5G. Ова за Financial Times го изјави неименуван производител на чипови, кој учествувал во разговорите со американските власти.

Овој потег би можел да претставува значаен потстрек за Huawei, кој веќе некое време се соочува со последиците од санкциите на американската администрација. Најновите забрани на САД за компанијата Huawei не и дозволуваат да набавува било каков хардвер креиран со американски технологии. Поради овие санкции, Huawei го загуби TSMC како производител на чипови, што навести можен крај за Kirin процесорите.

Со најновото ублажување на санкциите и потегот што овозможува Samsung Display да обезбедува OLED панели за Huawei, делува дека притисокот врз кинеската компанија полека се намалува. Huawei веројатно ќе мора да се помири со тоа дека нема да може да и пристапува на 5G опремата на производителите со кои ќе соработува.

InterServer Web Hosting and VPS