Знаци кои укажуваат на недостаток на витамин Д во организмот

Витаминот Д игра витална улога во одржувањето на целокупното здравје и благосостојба. Неговото намалено присуство во организмот предизвикува послаба апсорпција на калциум, што пак води кон заболувања на коските, како рахитис и остеопороза. Низа истражувања покажуваат дека недостатокот на витамин Д може да доведе и до зголемена тежина, депресија, проблеми со срцето итн. Па, доколку во последно време се чувствувате изморено и депресивно, прочитајте ги ризик-факторите и симптомите на намалено количество на овој витамин во организмот, проследени со совети за подобрување на состојбата.

5 знаци на недостаток од витамин Д

Замор

Никако не ви се станува од кревет? Доколку постојано сте летаргични, и покрај тоа што спиете доволно часови, можеби имате недостаток на витамин Д.

Сува кожа и кршлива коса

Ова е најочигледниот знак за намалено количество на витамин Д. Имате чувство дека секое средство за кожа или коса е едноставно немоќно.

Депресија

Витаминот Д влијае и на расположението. Доколку сте редовно нерасположени, земајте суплементи, што ќе ви го покачат нивото на серотонин.

Бавно заздравување на рани

Ова не е само знак на сериозен недостаток од витамин Д, туку и на други здравствени проблеми.

Доколку се пронајдовте во некои од точките, закажете преглед кај лекар, направете анализа на крвта и таа ќе покаже дали навистина се работи за намалено количество на овој витамин во организмот.

Што да преземете?

Сонце: Всушност, недостатокот од овој витамин не е ништо повеќе од недостаток од изложеност на сонце. Па затоа излезете надвор и уживајте во сончевите зраци!

Суплементи: Доколку сте ноќна птица или сте постојано внатре, земајте суплементи, кои може да се најдат во форма на капсули или во течна форма.

Исхрана: Нивото на витамин Д може да го зголемите и преку исхраната. На пример, преку консумирање на риба, жолчки од јајце, житарки, некои видови сирење и печурки. Сепак, ова не е доволно и мора да биде придружено со почесто изложување на сонце и земање на суплементи.

InterServer Web Hosting and VPS