Јувентус не постигнува посакувани резултати, Пирло е под притисок

Повеќекратниот италјански фудбалски првак Јувентус на стартот од новата сезона во Серија А ги нема поскауваните резултати. Нанижа два неочекувани порази од Верона и Кротоне, два пати одигра нерешено, а загуби и од Барселона во ЛШ. Неиграњето на првата ѕвезда во тимот Кристијано Роналдо поради позитивен тест на коронавирусот е само добро алиби за тренерот Андреа Пирло чија позиција е разнишана. Со Португалецот во составот, Јувентус е поинаква екипа, без него победите тешко доаѓаат.

Првиот човек на „старта дама“ Андреа Ањели размислува дури и за смена на Пирло. Неуспех против Специја в недела со сигурност ќе значи сериозен притисок за младиот тренер. Во Италија веќе се шпекулира со имиња за можни наследниците на Пирло. Во кулоарите се зборува дека е можно селекторот на Италија Роберто Манчини да биде еден од тренерите кои би долшле на местото на Пирло, во игра е и Маурицио Покетино.

InterServer Web Hosting and VPS