Audi со подобар трет квартал од минатата година, A6 е бестселер на брендот

Германскиот бренд Audi го заокружи третиот квартал во 2020 година со подобар резултат во однос на истиот период минатата година, намалувајќи ја и разликата во продажбата која се наметна како последица од пандемијата на коронавирусот.

По тешката прва половина од годината, во третиот квартал Audi испорачал над 30.000 или за 6,4 проценти повеќе автомобили од истиот период во 2019 година, а најголем придонес има големиот интерес во Кина, каде позитивата во еден квартал е високи 17,8 проценти.

Во однос на првите девет месеци од годината, Audi испорачал 1.187.190 автомобили, што е намалување за 12,5% во однос на 2019 година, но е далеку под просекот на целата индустрија (-20,2%).

Ако се погледнат најважните региони, очекувано падот е поголем во Европа (-25,9%) отколку во САД (-21,7%), додека во Кина дури е зголемена продажбата за 4,4 проценти.

Бестселер на Audi од јануари до септември е A6 кој во три изведби (Limousine, Avant и Allroad) е испорачан во 193.586 примероци, по што следуваат Q5 (182.916), A4 (176,294) и Q3/Q3 Sportback (153.375).

Во однос на електричната понуда, e-tron и e-tron Sportback годинава се продадени во над 30.000 примероци.

InterServer Web Hosting and VPS