Вучиќ: Не се мешам во формирањето на владата на Црна Гора

На никој начин не се мешам во формирањето на владата во Црна Гора, ниту ме загрижуваат обвинувањата на моја сметка, изјави српскиот претседател Александар Вучиќ. Додаде дека многу повеќе го загрижува феноменот кој, како што смета, е видлив и во Црна Гора, дека има обиди за игнорирање на изборната волја на граѓаните.

На прашањето како го гледа тоа што некои го обвинуваат дека ангажиран во формирањето на владата во Црна Гора, кажа дека прифаќа да биде „како и секогаш, дежурниот виновник во Србија и во регионот“.

„Тоа не ме интересира, сакаме добри односи со Црна Гора, се надевам и верувам дека ќе ги имаме“, кажа Вучиќ.

Додаде дека не го загрижуваат нападите врз него, колку изјавите на некои луѓе во Црна Гора, за кои „не знае дали се тајкуни или политичари“, дека владата не треба да биде формирана во согласност со освоените гласови, што е, како што кажа, нова парадигма во политичкиот живот на комплетниот регион, но и на Европа.

„Еден од тие прексиноќа ми кажа – „ние се залагаме владата да не биде составена пропорционално на освоените гласови““, наведе претседателот на Србија.

Тоа, како што кажа, не може поинаку да се разбере освен дека воопшто не им е гајле за кого народот гласа и дека нема да владеат тие што ги изгласал народот, туку оние кои мислат дека се елита и ги имаат медиумите и парите.

Вучиќ кажа дека таа парадигма е сѐ поприсутна во светот – дека владеат оние кои ја немаат поддршката од народот и не мора да победат на изборите, туку е доволно да се прогласат себеси за оние кои ќе владеат.

Истакна дека тоа е опасен феномен против кој треба да се бориме со сите демократски средства.

Вучиќ истакна дека во Србија е најважно што кажува народот, а не она што го сакаат одделни групи и нивните лични интереси.

InterServer Web Hosting and VPS